Администрацијата на локалната самоуправа во рускиот регион Краснојарск соопшти дека рано изутринава запреле експлозии во складиштето за муниција, јави новинската агенција ТАСС.
Дванаесет лица се хоспитализирани откако серија експлозии вчера избувнаа во складиште со оружје во руска воена база во Сибир, предизвикувајќи масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека испратило 14 роботи со далечинско управување за да помогнат во борбата против пожарот во територијата на воената база.
Локалните власти во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината.
Русал, најголемиот светски производител на алуминиум надвор од Кина, соопшти дека ги прекинале операциите во својата фабрика за алуминиум во областа Ашинск и ги евакуираше сите, освен неопходните вработени како безбедносна претпазливост. Рафинеријата се наоѓа на околу 30 километри од воената база каде се случија експлозиите.
Експлозиите на муниција траеја околу 10 часа, кои избувнаа откако пожар изби на две места, каде се чуваат 40.000 куршуми.