Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја искривуваат реалноста фактите и бројките ги побиваат нивните лицемерни прес конференции. Сите економски параметри денес покажуваат раст на економијата, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, растат индустриското производство и извозот, се бележат рекордни износи на странски инвестиции, се вели во соопштението на СДСМ како реакција на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Податоците на Државниот завод кои покажуваат раст од 14.1 отсто на извозот во периодот јануари – јуни 2019 година се последните во низата показатели за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Истовремено, наспроти лагите, зголемена е наплатата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година.
Се зголемува и повратот на ДДВ кон претпијатијата, кој заклучно со јули 2019 година е поголем за 14,5 отсто или за 30 милиони евра повеќе во стопанството во споредба со истиот период во 2018 година.
Од економија во минус од 1,8 отсто во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме раст на БДП од рекордни 4,1 отсто.
За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, а реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив, со проектирани над 4.800 вработувања.
Бележиме раст на платите и пензиите, а стапката на невработеноста е опадната на историски најниски 17,8 отсто .
Денес, парите на граѓаните не се трошат за лажен, барок, спомеици и криминални тендери како во времето на ВМРО-ДПМНЕ туку се користат за капитални инвестиции и мерки што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.
Економските политики на Владата на СДСМ даваат реални резултати.
Наместо да ги брани погрешните и криминални политики на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да учат економија и како се работи во интерес на граѓаните.