Убиецот од Дејтон имал листа за силување, пред масакрот напишал „одам во пеколот“

Профил на Твитер, кој наводно му припаѓа на Конор Бетс кој во неделата уби 9, а рани околу 30 лица гаел левичарски и антифашистички уверувања, а во некои твитови ги поддржувал Берни Сандерс, Елизабет Ворен и други.

Полицијата се уште истражува што го поттикнало Бетс да го изврши масакрот, а неколку часа пред нападот на профилот на Бетс се забележани лајкови во врска со масакрот во Ел Пасо.

Бетс испукал 41 кушрум за неколку секунди пред да биде убиен соопштила полицијата. Тој на својот Твитер профил пред нападот напишал „одам во пеколот и не се враќам“.

Додека отворил оган во центарот на Дејтон, Охајо, Конор Бетс ја убил и неговата 22-годишна сестра Меган, пред да биде запрен и убиен од полицијата. Тој пукал во центарот на градот, полн со ресторани и ноќни клубови, во саботата навечер кога сите локали биле  преполни со посетители.

Не е откриен мотивот за нападот на 24-годишникот во Дејтон. Бил вооружен со автоматска пушка и во панцир, Бетс уби четири жени и петмина мажи, на возраст од 22 до 57 години. Шест од жртвите се Афроамериканци. „Нема многу видлива дискриминација во пукањето“, рече помошникот началник на полицијата Мет Карпер.

Поранешниот другари од училиште на Бетс тврдат дека тој имал листа за отстрел, односно список на ученици кои сакал да ги убие или силува.

 

„На училиште беше мрачен и депресивен“, рекол еден од неговиот поранешни другари, пренесува Индекс.

Еден негов поранешен колега наведува дека Бетс имал посебен список на момчиња кои сакал да ги убие и посебна листа на девојки кои сакал да ги силува. Тој им се заканувал на жени кои го одбиле неговото додворување, пренесува Си-Ен-Ен.

Инаку Бетс бил член на бендот Менструал Манчис кој свирел музика со насилна и порнографска тематика.

Фановите на тој жанр музика ја опишуваат како начин на контролирање на лутината и бесот. Бетс студирал психологија, а себеси се опишувал како „лице кое работи под притисок. Брзо учи. Многу амбициозен студент“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави