Откакао пред неколку дена со летечка-даска од втор обид успеа да го прелета Ламанш, Френк Запата највува дека идната година на светот ќе му се претстави и со летечки-автомобил.
Запата пред три години ја направи летачката-даска со турбина која може во воздух да крене едно лице. Од тогаш Запата својата иновација само ја усовршуваше и му ја презентираше на светот. Од француската армија доби 1,3 милиони евра за развој на технологијата на персоналните летечки справи.
Овој иноватор повторно се најде во центарот на интересирањето откако се обиде да го прелета Ламанш. Првиот обид му беше неуспешен, но во вториот ја оствари целта. По остварената цел пред француските медиуми ги откри своите наредни чекори. Најпрво најви краток годишен одмор, а потоа планира да се посвети на завршување на проектот – летечки автомобил, на кој веќе работи. Прототипот од летачкиот-автомобил веќе му е во фаза на тестирање.
-Мораме да ја завршиме изработката на летачкиот автомобил. До крајот на годинава планирам да го претставиме на јавноста – порача Запата пред медиумите.
Шасијата на автомобилот веќе лета, а потребно е да се дозаврши каросеријата и да се добие дозвола од надлежната француска агенција за цивилно воздухопловство, што се очекува до крајот на месецов. По ова треба да продолжата натамошните тестови и развојот на леталото пред јавно да биде преставена иновацијата.
-Основата на автомобилот полета со четири мотори. Верзијата со десет мотори ќе полета во наредните денови – најави 40-годишниот француски иноватор. Автомобилот се планира да достигнува брзина на летање од 300 до 400 километри на час, а да може да прелета дестинација од 100 до 120 километри.