Швајцарските глечери се топат со рекорднa брзинa поради рекордните температури ова лето, предупредува весникот „Блик“.
Експертот од универзитетот во Цирих, Матијас Хус, рече дека е забележан губиток од 0,8 милијарди тони мраз и снег во период од 14 дена за време на јунскиот и јулиот топлински бран, што тој го оценува како „апсолутно невообичаено“.
Топлинските бранови во јуни и јули предизвикаа големо топење на глечерите, па така Ронерглацер кај Фуркапас долго време е покриен со мраз за да се забави топењето.
Исто така во Титлисглечер, властите презедоа мерки на претпазливост за да спречат топење.
Најголемиот глечер на Алпите во Швајцарија, Алечглечер, е намален за повеќе од три километри од 1870 година, а во последните децении топењето се забрза.