Манчестер јунајтед на финишот на преодниот рок кој во Англија завршува на 8 август, сака да го купи од Тотенхем данскиот офанзивец за врска Кристијан Ериксен.
Според „Скај спортс”, Јунајтед има уште два дена за да го донесе Ериксен во Олд трафорд, додавајќи дека двата клуба, Јунајтед и Тотенхем, ако сакаат да соработуваа, со евентуална согласност на самиот фудбалер, имаат многу малку време за да го остварат големиот трансфер.
Истиот извор додава дека „црвените ѓаволи” следните часови ќе разговараат со лондонскиот клуб во врска со трансферот на 27 годишниот Данец.
На Ериксен, кој е дел од Тотенхем од 2013 година, му истекува договорот следното лето, па така Хотспурски сакаат да заработат нешто пред да го изгубат без отштета.
Ериксен на трансфер пазарот вреди 100 милиони евра, но бидејќи е на последната година од договорот, конечната цена би можела да биде околу 70-80 милиони евра.