Пред неколку дена Движењето Беса го објави својот план за излез од долгата транзиција на реформите во правниот систем. Понудата на Движењето Беса да се формира државна комисија, без разлика дали е од парламентот или претседателот на земјата, е искрен, сериозен пристап и решение што ќе донесе одржливи и квалитетни реформи во согласност со европските вредности и стандарди, изјави Абдуш Демири, потпретседател на Движење БЕСА.
„Уште еднаш, ја повторуваме неопходната потреба од формирање на оваа комисија за забрзување на реформите во правосудниот систем, со помош на меѓународните претставници од САД и ЕУ, помагајќи ни да спроведеме значителни, квалитативни и неопходни реформи што би резултирале во заокружување на овој процес со ‘ветинг’, кој на крајот би го ослободил судството, обвинителството, како и целиот правен систем од партизација и политизација, од поранешниот системски менталитет и од селективниот пристап кон примената на правото.
Уште еднаш се докажа дека ако реформата во правосудниот систем се остави во рацете на политичките партии, и тоа на партиите кои во една или друга форма злоупотребиле и продолжуваат да го злоупотребуваат судството во интерес на политички интерес, тие само ќе создадат дополнителни кризи со што никогаш нема да си дозволат да се излезе од овој вицизен круг.
Затоа, ја повторуваме потребата од формирање на државна комисија за реформа во правниот систем и спроведување на механизмот на ‘ветинг’, како единствено решение што ќе го отвори патот за развој на земјата и напредување кон членство во Европската Унија”, додаде тој.