Вкупно 12 сообраќајни незгоди се случиле во Скопје и околината во текот на вчерашниот ден, во кои со телесни повреди се здобиле пет лица, а со тешки телесни повреди две.
Според информациите на СВР Скопје и денеска е висок бројот возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак-69. Исклучени од сообраќај вчера се и 15 возачи, од кои дури 12 воопшто немале возачка дозвола, еден управувал под дејство на алкохол, а двајца биле возачи почетници.
Полицијата од сообраќај исклучила и 10 нерегистрирани возила.
За не прописно паркирани моторни возила се издадени 44 казни, додека „пајакот” подигнал 50 возила.
Дваесет и осум возачи коируистењлњ мобиулен телефон за време на управување на моторно возило, 10 не носеле сигурносен појас.