Лекува, а не е лек. Море. Научниците докажаа дека престој во морска околина е мелем за целиот организам. За телото и душата…
Морето ни го менува хемискиот состав, затоа што хормоните се лачат поинаку, се опуштаме, срцето се забавува, расположението драстично се подобрува… Топлината што ја чувствуваме на плажа влијае на нашиот ендокрин систем и ослободува ендорфини – хемикалии поради кои, на пример, се чувствуваме среќни кога уживаме во чоколадото.
Тим научници кои сакале да го тестираат влијанието на морето врз човечкиот организам, заклучиле дека неговиот шум го стимулира фронталниот кортекс на мозокот. А тој е одговорен за нашите емоции и само-рефлексија. Затоа звукот на морето благотворно делува врз нашите емоции и ја зајакнува нашата самодоверба. И што е најважно – го намалува нивото на хормонот на стрес во организмот.
„Штом гледаме во тоа синило, се чувствуваме безбедно и стабилно“, истакнува научникот Мајкл Мерзеник од Универзитетот во Калифорнија.
– Далеку сме од местата на кои сме под некаков вид на закана и притисок, а површината на морето која на хоризонтот се спојува со небото во нас буди чувство на спокојство. Се оддалечуваме од она што нè оптеретува.