Македонија го почнува ракометното СП со Аргентина

Во Скопје, денеска почнува Светското ракометно првенство за играчи до 19 години на кое ќе настапат 24 репрезентации поделени во четири групи. Домаќинот Македонија вечерва од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ за противник ќе ја има соодветната селекција на Аргентина.

Македонија во Ц-групата  покрај Аргентина за ривали ќе ги има селекциите на Данска, Јапонија,  Нигерија и Бахреин.

Распоредот на натпреварите од групата за Македонија:
06.08.19 – Македонија – Аргентина (20:30 ч.)
08.08.19 – Македонија – Нигерија (20:30 ч.)
09.08.19 – Македонија – Бахреин (20:30 ч.)
11.08.19 – Македонија – Данска (20:30 ч.)
12.08.19 – Македонија – Јапонија (20:30 ч.)

Мундијалот ќе се игра до 18 август во салите на СЦ „Борис Трајковски” и СЦ „Јане Сандански”.

 

 

Треба да знаете
Последни објави