Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли порача дека Косово нема да ги признае пасошите издадени од Русија за жителитена на Доњецк и Луханск во Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пацоли на својата страница на Твитер напиша дека Косово го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
– Русија треба да прекине со илегалните интервениции во Украина и да ги повлече своите трупи, напиша Пацоли.