Петгодишно дете го пријавило својот татко дека поминал на црвено

Петгодишно момче од германскиот Вирцбург, кое се возело во автомобилот со својот татко го пријавило родителот дека во два наврати поминал на црвено светло од семафорот!

Детето свртело на телефонскиот број за итни случаји (110) за да се пожали како неодговорно го управува автомобилот неговиот татко. Луѓето задолжени за редот и безбедноста веднаш го завртиле бројот од кој бил упатен позивот, но им се јавил таткото и им се извинил за тоа што биле вознемирени. На инсистирање на полицијата телефонот му бил даден на неговиот син кој ја потврдил пријавата.

Со загрижувачки глас петгодишното момче им соопштило на полицајците дека неговиот татко со автомобилот двапати поминал на црвено и поради тоа треба да биде затворен. Сепак полицијата во разговорот усепела да го разубеди детето дека не е потребно да дојде патрола по неговиот родител како што тоа инсистирало.

Треба да знаете
Последни објави