Кадетската ракометна репрезентација имаше неуспешен старт на Светското првенсто У19, кое следните две недели ќе се одржува во Скопје, откако претрпе пораз од Аргентина 20:23.
Предводени од селекторот Данило Брестовац кадетите влегоа амбициозно во овој натпревар така што целото прво полувреме беа во блага предност во однос на противниците од Аргентина, за да заминат на одмор со предност од четири голови, односно резултат 13:9.
Второто полувреме не донесе големи резултатски промени, нашите кадети мудро ја бране резултатската предност, иако неизвесноста беше присутна до самиот крај на натпреварот, односно до 56 минута кога Аргентинците успеаја да израмнат, а во последните две минути да поведат со три гола разлика, односно конечен резултат 20:23.
Во Групата Ц, освен Северна Македонија и Аргентина, се и репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија и Нигерија. Во текот на денешниот ден се одиграни сите натпревари од групата при што Данска ја порази Јапонија со резултат 30:23, а Бахреин славеше против Нигерија со резултат 36:28.
За да продолжи во осимнафиналето, нашата репрезентација треба да се пласира меѓу првите четири во групата.
Фото: 24 Ракомет