Антички папагал на Нов Зеланд бил висок еден метар, откриени негови остатоци

Во близина на Свети Батанс во новозеландскиот јужен регион Отаго пронајдени се остатоци од џиновски папагал, кој шетал пред 19 милиони години на Нов Зеланд.
Џиновски папагал имал висина од 1метар или приближно половина од просечната висина на човекот, открива новата студија. Со оглед на неговата големина, се верува дека папагалот не летал и бил месојадец, за разлика од повеќето птици денес.

Студијата за птицата е објавена во списанието „Биолоџи летерс“.

Како што се наведува во студијата, птицата тежела нешто повеќе од еден камен или 7 килограми, што е двојно потешка од „какапо“, претходно најголемиот познат папагал.

„Нема други џиновски папагали во светот“, изјави професорот Тревор Ворти, палеонтолог од универзитетот „Флиндерс“ во Австралија и главен автор на студијата.
„Пронаоѓањето на еден ваков папагал е многу значајно“ додаде Ворти.

Треба да знаете
Последни објави