Лукаку на тренинг со Андерлехт, Манчестер јунајтед најави казна

Од стартот на летниот преоден рок за фудбалери Манчестер јунајтед се обидува да го продаде или размени белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку, но никако да постигне договор со заинтересираните клубови. Неизвесноста  ги доведе играчот и клубот да се гледаат преку „нишан“. Лукаку незадоволе од третманот кај англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед одлучил да тренир со белгискиот Андерлехт, тимот во кој ја почна својата кариера.

На ваквата провокација веднаш возврати Манчестер и кој одлучил да го казни Лукаку за непојавување на тренинг. Дисциплинската мерка од „Олд Трафорд“ највија дека дополнително ќе ја соопштат.

За Лукаку летово интерес пројавија екипите од Италија, шампионот Јувентус и Интер. Последната понуда од Интер испратена до Манчестер јунајтед е 75 милиони евра.

.

 

Треба да знаете
Последни објави