Јахтата „Титан“, сопственост на рускиот научник и тајкун Александар Абрамов, се закотви во близина на аеродромот во Сплит. Фасцинантниот брод со руско знаме го привлече вниманието на Далматинците и нивните гости, а вредноста на јахтата се проценува на 100 милиони долари.
Бидејќи јахтата се изнајмува, не е познато кој е на неа. Претходно ова лето, „Титан“ беше виден во близина на Пула.
Абрамов е поранешен руски научник кој стана индустриски магнат и е еден од двајцата сопственици на „Евраз“, најголемиот руски производител на челик.