Падна цената на суровата нафта

Цената на нафтата денеска дополнтелно падна на берзата како последица на продлабочувањето на трговската „војна“  меѓу САД и Кина. Оваа состојба ја загрозува глобалната економија и побарувачката за енергенски, откако американскиот претседател Доналд Трамп изминатат недела се закани со воведување нови царини за Кина, што би можело да доведе до ограничување на увозот на суровата нафта од страна на двата најголеми светски потрошувачи на црното злато.

Северноморската нафта „бренет“  во Лондон е пониска за 70 центи или 1,2 одсто и сега изнесува 58,26 долари за барел, што е најниско ниво во изминативе седум месеци, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во Њујорк цената на суровата нафта паднала за 87 центи и сега изнесува 54,79 долари за барел.

Треба да знаете
Последни објави