Капитенот на петкратнит светски фудбалски првак Бразил, Дани Алвеш изјави дека сака да игра на Светското првенство 2022 година во Катар. Неодамна, исксуниот 36-годишен играч се врати во Бразил од печалбата во Европа и потпиша договор со Сао Паоло.
– Сонувам да играм на следниот мундијал. Но, јас треба да ги уверам тимот и партнерите да веруваат во мене. Дојдов во Сао Паоло да дадам резултати. Не треба да мислите дека сум тука, само за да ја завршам кариерата. Јас се уште имам цели – изјави Алвеш.
Алвеш за „кариоките” дебитираше во 2006 година. Има одиграно 115 натпревари за репрезентацијата. Со Бразил има освоено по два трофеја во Купот на Америка и Купот на конфедерациите.