Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Сопиште, Зелениково и Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од место викано Под Брег во с. Горно Соње (Општина Сопиште), од 8:30 до 16 часот корисниците од с. Орешани, викенд-населбата Јане Сандански, ЖТП Орешани и фирмата Млекара Маско (Општина Зелениково), од
9 до 12 часот корисниците од непарните броеви од ул. Јанко Мишиќ, дел од ул. Дреновска Клисура од бр. 2 до бр. 10 и ул. Иван Хаџиниколов од бр. 89 до бр. 97 во населбата Драчево (општина Кисела Вода) и од 9 до 15:30 часот корисниците од дел од булеварот Борис Трајковски кај фирмите „Бато и Дивајн“, „Магнус’ и останатите фирми во околината во општина Кисела Вода.