Еден велосипедист бил тешко повреден, а други шест лица се полесно повредени во 19 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината.
СВР Скопје информира дека од сообраќај се склучени 62 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, петорица биле под дејство на алкохол, 11 немале возачка дозвола, а тројца биле возачи почетници.
За непрописно паркирање вчера се издадени 50 казни, додека пајакот подигнал 70 возила.
Полицијата регистрирала и 11 случаи на не користење кацига од страна на возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, а девет возачи на автомобил користече мобилен телефон за време на управувањето.