Договори за работа за нови 125 професионални војници во Армијата
Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес денеска ќе се одржи свеченост за прием на нови 125 професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија на која ќе присуствува и ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа заедно со началникот на Генералштабот (ГШ) генералот, Васко Ѓурчиновски, директорот на ГШ, генералот Зоран Милевски, командантот на Здружената оперативна команда, генералот Павле Арсоски и командантот на Командата за обука и доктрини, полковникот Љубенчо Петровски, ќе им ги врачи договорите за работа на новопримените професионални војници.