Данската полиција ги истражува причините за експлозијата што доцна синоќа ги искрши прозорците и предизвика штети врз фасадата на зградата на даночната служба во Копенхаген, јави ДПА.
Експлозијата е напад, но се уште е рано да се каже кој е одговорен, соопшти денеска полицијата
„Тоа е загрижувачко и целосно неприфатливо дејствие”, изјави данскиот министер за даноци, Мортен Бедсков, на Твитер.
То додаде дека зградата претрпела сериозни оштетувања.
Во моментот на експлозијата во неа имало две лица, но и двајцата останале неповредени, соопшти полицијата за локална телевизија.