Бразилската манекенка Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг, ѕвездата на американското рагби – Том Брејди, го продаваат својот дом во околината на Бостон. Цената изнесува 39,5 милиони долари.
Имотот на Жизел и Том зафаќа 21 декар и се наоѓа во еден од најскапите делови од околијата. Том е квотербек во тимот на Њу Ингланд пејтриотс од Бостон.
Главната куќа има површина од 900 квадратни метри и се состои од пет спални соби и една посебна – прилагодена за професионални атлети. На имотот има и спа-просторија, визба за вино, игротека и градина.
Куќичката за гости е со површина од 223 квадратни метри, а покрај неа има и гаража за три возила и паркинг за уште 20 автомобили под отворено небо.
Жизел Буншхен со години наназад беше највисоко платената манекенка во света, со вкупна заработка од 488 милиони долари. Том Брејди (42), досега само од НФЛ заработил 235 милиони долари. Двајцата имаат луксузни куќи и во Арминија, во американската сојузна држава Њујорк, и во квартот Трајбека, во градот Њујорк, пишува „Екшн нетворк”.