Мерката „Зелена нафта“ е популистичка и неефикасна мерка. Со ова СДСМ предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.
СДСМ со мерката „Зелена нафта“ не ги решава проблемите на земјоделците со кои се соочуваат секој ден. Македонските земјоделци имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи. Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, но земјоделците не добија ништо.
Земјоделците не добија подобри услови, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ.
Но на сето ова ќе дојде крај, ќе дојде крај и на блескањето на Зоран Заев и на СДСМ, со распишување предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори тогаш ќе започне реалната грижа за земјоделците.