Зидан ги отпиша Бејл, Родригез и Дијас

Трофејниот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан за вечерашниот (19 ч.) пријателски фудбалски натпревар со Салцбург на „Ред Бул Арената“ ги отпиша Герет Бејл, Хамес Родригез и Маријан Дијас. Французинот Зидан не ги стави тројцата кандидати за тимот на списокот со 18. патници за Австрија со што им испрати јасна порака дека нема да смета на нивните услоги. Со овој потег Зидан  им порача јасно дека можат да си побараат нова средина летово додека трае преодниот рок.

За оваа контрола меѓу „кралевите“ поради повредна не е на располагање и хрватскиот интернационалец Лука Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави