Истражување: Во САД има трипати повеќе оружје отколку во Европа

Бројот на парчиња огнено оружје по глава на жители во САД е трипати поголем од цифрата во европските држави, каде на прво место се Црна Гора и Србија.

Според истражувањето за лесно оружје на американската организација „САС” во САД во 2017 година на сто жители имало 120 парчиња оружје, додека во Црна Гора и Србија – 39,1, а на Кипар – 34.

Во 2017 година во Европска Унија, која има 513 милиони жители имало 79,8 милиони огнено оружје, а ако на таа бројка се додадат Русија и Исланд бројката изнесува 93,2 милиони.

Според „САС” оружјето е најмногу сконцентрирано во Русија – 17,6 милиони, потоа следат Германија со 15,8 милиони и Франција со 12,7 милиони парчиња оружје.

Истражувањето покажа и дека во 2017 година во 230 земји и автономни територии во светот имало повеќе од една милијарда парчиња огнено оружје од кои 84,6 проценти било во сопственост на цивили, 13,1 отсто поседувале армии и 2,2 проценти полицијата.

Околу 46 проценти од вкупно 857 милиони парчиња лесно оружје што го поседувале цивили во 2017 година им припаѓало на луѓето кои живеат во САД.

Треба да знаете
Последни објави