Леонардо ди Каприо и неговата девојка во друштво на родителите се одмораат во Италија

Популарната двојка, актерот Леонардо ди Каприо (44) и неговата девојка манекенка Камила Мороне (22) се одмораат во Италија, а папараците ги фотографираа за време на посетата на „Вила д Есте“ во Тиволи, во близина на Рим.

Двојката била во друштво на родителите на Леонардо, мајката Ирмелин Инденбиркен (76) и таткото Џорџ ди Каприо (76), како и мајката на Камила, Лусил Сол (43), а потоа семејно ја посетиле вилата која датира од 16 век.

Мајката на Камила ги фотографирала ќерката и зетот на дестинација што е единствен пример за ренесансна архитектура и е наведена на списокот за светско наследство на УНЕСКО, но популарниот актер не бил особено расположен за да го фотографираат папараците, па на главата ставил капа, качулка и очила за сонце за да не го препознае никој.

Додека мајката на Камила ги фотографирала, манекенката го фатила популарниот актер за задник.

Леонардо и Камила се во врска веќе две години, а неодамна на убавата манекенка на социјалните веб-страници ѝ напишаа дека актерот кој ќе ја остави кога ќе наполни 25 години.

Треба да знаете
Последни објави