Вооружени напаѓачи украле вчера златни монети вредни повеќе од два милиони долари од државната ковачница на пари во Мексико Сити, соопштија безбедносни извори.
Две непознати вооружени лица влегле во утринските часови во ковачницата „Каза де монеда”, откако го совладале чуварот и му го одземале оружјето, се наведува во соопштението на градската полиција на Мексико Сити.
Еден од крадците потоа ја наполнил торбата со 1.567 златни монети.