Плакат со натпис на англиски јазик „Македонија е една и единствена и е овде” (Macedonia is one and only and it’s here) поставија навивачите на ПАОК за време на вчерашниот фудбалски натпревар со холандски Ајакс во квалификациите за Лигата на шампиони.
Паното со слоганот, на трибината на стадионот „Тумба” во Солун беше поставено пред почетокот на натпреварот и остана таму сѐ до крајот.
Станува збор за истото пано кое навивачите на солунскиот фудбалски клуб и во минатото го поставуваа на трибината кога беа домаќини, како за време на натпреварите со европски екипи, така и за време на оние од домашното првенство, jави дописничката на МИА од Атина.