Најмалку 95 повредени во експлозијата пред полициска станица во Кабул

Талибанците ја презедоа одговорноста за раноутринската експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во западна населба на Кабул, во која досега се повредени најмалку 95 лица, пренесе ДПА.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави дека нападот бил насочен кон „центар за регрутирање на непријателот“.

Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека меѓу повредените има и жени и деца, дополнува ДПА.

Треба да знаете
Последни објави