На брод во Германија откриени 1,5 тони кокаин

Цариниците во Хамбург открија 1,5 тони кокаин на товарен брод кој стоката  ја превезувал од Бразил во контејнери.

Коакинот бил пронајден минатата недела во контејнери во кои имало тутун што требало да биде испорачан во Белгија.

Кокаинот бил распределен во 1.575 пакети.

Уличната вредност на запленетиот кокаин е проценета на околу 350 милиони евра, пренесе АП.

Во петокот царинската служба на Хамбург објави дека минатиот месец запленила 4,5 тони кокаин на брод кој испловил од Уругвај. Вредноста на кокаинот е проценета на речиси милијарда евра.

Треба да знаете
Последни објави