Во топлите, летни денови, најдобриот пијалак е секако вода, но доколку сакате вистинско освежување, консумирајте разладени билни чаеви и напитоци од природни сокови и сирупи.
Денеска ви претставуваме рецепт за сируп од мента кој се пие разреден и разладен, а ефектот врз вашиот организам веднаш ќе го почувствувате.
Мерките за сируп од мента се исти како и кај припремата на сируп од бозел, багрем, маточина или цветови од жалфија. Во еден литар вода ставете еден килограм шеќер, 10 гранчиња мента, половина лимон и околу 10 грама лимонска киселина (две лажички).
Во зависност од посакуваната количина на сируп, мерките се исти и за поголема количина: 20 гранчиња – 2 литри вода, 2 килограми шеќер…
Начин на подготовка
1. Потопете ги гранчињата мента во водата и додадете ја лимонската киселина и кришките лимон со кора.
2. Добро измешајте и оставете да отстои 24 часа на студено и темно место.
3. Вториот ден процедете ја смесата, па додадете шеќер и добро промешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.
4. По 48 часа, сирупот е спремен за складирање во стаклено шише. Помалата количина најдобро е да се складира во фрижидер, а поголемата количина чувајте ја на студено и темно место.