Таравари: Го добивме спорот против МОН, Адеми да си поднесе оставка

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на социјалните мрежи ја објави пресудата од Управниот суд за тужбата која ја поднесе Општината пради ингеренциите во образованието кои им ги одзема Министерството за образование и наука.

Таравари, побара министерот Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.

„Министерот за ‘ингеренции’ и ‘окторорот за правни науки’, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар.
Почитуван ‘доценте’, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години! Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари.

https://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10219726840742588

Треба да знаете
Последни објави