Тинејџерка починала бидејќи два месеци не била во тоалет!

Тинејџерка починала бидејќи два месеци не била во тоалет!

Шеснаесетгодишната Емили Титерингтон имала фобија од тоалет поради што ја држела столицата во себе и по два месеци. Тинејџерката починала од срцев удар, покажала обдукцијата. Во нејзините гради настанала голема празнина, дебелото црево и било целосно деформирано, а останатите органи видно изместени.

– Ова е најлошиот случај што сум го видела… Бев шокирана, изјави патологот Аманда Џефри.

Емили, која имала блага форма на аутизам, цел живот патела од стомачни проблеми, но лекарите никогаш не успеале да ја пронајдат причината.

Кобната вечер Емили се жалела на болка помеѓу грбните лопатки, но лекарите не приметиле никакво абнормално отекување. Тоа станало видливо кога лекарскиот тим дошол по втор пат, во 4 часот наутро, малку пред девојката да почине.

Треба да знаете
Последни објави