Англискиот фудбалски премиерлигаш е Тотенхем е подготвен да понуди ексклузива за крај на летниот преоден рок на Островот. Тимот од Лондон се обидува да постигне полн-погодок во преговорите со Пауло Дибала и Филипе Кутињо.
Бразилецот Кутињо кој не ја доби вистинската шанса во Барселона посака да се врати назад во Ливерпул, се вклучи и Арсенал, но Тотенхем изби во преден план да го добие на позајмица.
Лондонскиот тим го победил и Манчестер јунајтед во наддавањето за Аргентинецот Пауло Дибала од Јувентус, кој треба да пристигне во Тотенхем за 70 милиони евра.