Тотенхем преговара со Атлетико за Ериксен

Гласините за иднината на играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, продолжуваат да кружат во медиумскиот простор на Островот со полна сила.

Откако претходно се појавија информации дека Манчестер јунајтед се откажал од идејата за привлекување на Данецот, сега „Дејли телеграф” идентификуваше друг кандидат за него.

Според весникот, Атлетико Мадрид веќе преговара со „петлите” за Ериксен.

Идејата била дискутирана за време на преговорите меѓу двата клуба за Киеран Трипие. Атлетико планира да чека да се затвори трансфер пазарот во Англија, што ќе се случи утре вечер. Доколку Ериксен не биде продаден до тогаш, „јорганџиите” веруваат дека неговата цена ќе падне, бидејќи тој има договор со Тотенхем за само уште една сезона.

Поради оваа причина, Тотенхем имаат тенденција да го продадат сега. Голема желба на самиот играч е да се приклучи на тим од Шпанија, а број еден за него е Реал Мадрид.

Меѓутоа, ако трансферот во „Сантијаго Бернабеу” не се случи, тогаш Ериксен не би имал против да замине во другиот голем клуб во шпанската престолнина.

Треба да знаете
Последни објави