Халилхоџиќ го презема кормилото на Мароко

Легендарниот фудбалер од поранешните ју-простори, босанскиот интернационалец Фахид Халилхоџиќ е новиот селектор на репрезентацијата на Мароко.Само неколку дена откако ја напушти клупата на францускиот Нант, некогашниот голгетер на мостарски Вележ се договорил со челниците на мароканскиот фудбал во пакет со своите соработници од францускиот тим да го преземе кормилото на африканската репрезентацијата.

Потврда на веста од Мароко треба да стаса по неделниот празник Курбан Бајрам.

 

Треба да знаете
Последни објави