Ц.звезда и Динамо не ја искористија предноста на домашниот терен

Српскиот и хрватскиот првак Црвена звезда и Динамо Загреб не ја искористија предноста на домашниот терен во третата квалификациска рунда од елитното клупско фудбалско  натпреварување Лигата на шампионите. Црвена звезда ремизира со данскиот Копенхаген (1:1), а Динамо со унгарскиот Ференцварош (1:1).

„Црвено-белите“ поведоа со голот на Милан Павков во 44. минута,  а гостите од Данска израмнија од пенал преку Јонас Винд во 84. минута. Слично сценарио имаше и натпреварот во Загреб каде Динамо на „Максимир“ поведе преку Дани Олмо во седмата минута, а гостинот израмни преку Давид Сигер во 60. минута. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот натпревар во тимот на Динамо.

Резултати од одиграните први мечеви во 3 квалификациско коло за ЛШ

Црвена звезда – Копенхаген 1:1

Динамо Загреб – Ференцварош 1:1

Бриж – Динамо Киев 1:0

ПАОК – Ајакс 2:2

АПОЕЛ – Карабаг 1:2

Вечерва играат:

Краснодар – Порто

Башакшехир – Олимпијакос

Базел – ЛАСК Линц

Клуж – Селтик

Марибор – Розенборг

Резултати од првите одиграни средби во 3 квалификациско коло за ЛЕ

Сутјеска – Линфилд 1:2

Рига – Хелсинки 1:1

Арарат – Сабуртало Тбилиси 1:2

Треба да знаете
Последни објави