Бананата е неправедно исфрлена од многу диети, но нутриционистите истакнуваат дека ова овошје игра голема улога во процесот на слабеење.
За време на диетата неопходно е да се конзумира храна која содржи влакна, а бананата е одличен извор. Една банана содржи 3.08гр влакна, помагајќи да се чувствувате сити и да се намали потребата за дополнителни оброци.
Влакната од бананата помагаат во регулирање на холестеролот и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Зелените банани содржат отпорен скроб кој го регулира апетитот, помага во намалување на дневниот внес на калории и го регулира нивото на шеќерот во крвта. Исто така, бананите го потикнуваат варење и го чуваат здравјето на цревата.
Бананата не согорува маснотии, но со нејзино консумирање ги ограничуваме порциите и стануваме свесни за својот начин на исхрана. Докажано е дека бананата е вистинска енергетска бомба, па ако ја изедете по ручек, ќе ја намали потребата за вечерни оброци.
Не мора да одржувате строга диета за да отстраните маснотии, туку да ја замените нездравата ужина со банана и да ги ограничите порциите. Наместо закуски и слатки, изедете една банана. На овој начин, вашиот организам нема да претрпи шок поради промените во исхраната, а полека ќе започнете да ги губите килограмите.