Јаховиќ: Малатијаспор во двомечот ќе го елиминира Партизан

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ од редовите на Малатијаспор,  турскиот претставник во квалификациите од Лига Европа во пресрет на утрешниот прв дуел од третото квалифиациско коло во второто по ранг клупско натпреварување со српскиот Партизан од Белград не се сомнева дека неговиот тим ќе ја мине и оваа препрека и ќе дојде до прагот на групното натпреварување. Искусниот 32-годишен напаѓач Јаховиќ во мината елиминаторна рунда ја одигра главната улога против словенечката Олимпија од Љубљана. Постигна два гола, по еден на двата дуели и Малатијаспор стигна до третата квалификациска рунда.

-Очекувам два добри и неизвесни натпреаври. Во Белград ќе биде тешко. Партизан има интересни играчи, каде предначат Сума и Тошиќ. Единствена предност на Партизан на првиот натпревар е домашниот терен и навивачите кои можат многу да им помогнат да обезбедат поволен резултат. Но, сметам дека имаме поквалитетен состав. Доаѓаме да оствариме поволен резултат и на реваншот во Турција по двомечот да го елиминираме Партизан и да продолжиме во наредната рунда – порачува Јаховиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави