Џенифер Лопез одржа концерт во Анталија

Џенифер Лопез одржа концерт во Анталија

Светски познатата пејачка Џенифер Лопез одржа концерт во турскиот град Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).

Лопез настапи во туристичкиот центар Белек, а на концертот изрази задоволство што по неколку години повторно се наоѓа во Турција.

Таа нагласи дека многу го сака градот Анталија, и додаде: „Ми недостигаше вашата земја“.

Концертот траеше околу 2 часа, а на него присуствуваа околу 2.500 лица.

Лопез за време на концертот ги интерпретираше своите најпопуларни песни меѓу кои и новата песна „Medicine“, како и „On The Floor“, „Aint It Funny“ и „Love Don’t Cost a Thing“.

Таа привлече внимание и со нејзниот танц и костуми, а за своите обожаватели имаше и изненадување во кое заедно со нејзината ќерка Ема Ентони изведе дует.

Треба да знаете
Последни објави