Базените во Барселона не смеат да им забрaнат на жените да пливаат топлес

Градските власти во Барселона издадоа директива до јавните базени со кои им наложуваат дека не смеат на жените да им забранат да пливаат топлес, затоа што принудувањето на дамите да се прикриваат е дискриминација.

Официјални лица истакнале дека топлесот всушност никогаш не бил забранет на базените и дека Канцеларијата за недискриминација (ОНД) напишала извештај за ова прашање како потсетник за базените кои можат да имаат свои, неофицијални кодекси за облекување.

Локални активисти се обратиле до ОНД откако една жена се пожалила дека ѝ било кажано да ги покрие градите додека била на базен.

Канцеларијата одлучила дека недозволувањето на жените да се сончаат и бањаат топлес на базен е дискриминаторско.

Базените што ќе одбијат да се придржуваат кон уредбата за недискриминација може да се соочаат со санкции.

Треба да знаете
Последни објави