Ватфорд го привлече Дани Велбек

Ватфорд официјално го привлече поранешниот напаѓач на Арсенал, Дани Велбек. 28-годишниот фудбалер доаѓа како слободен агент откако ова лето беше ослободен од „топџиите” бидејќи не му беше понуден нов договор. Договорот на Велбек со „стршлените” е за три сезони.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед го пропушти поголемиот дел од изминатата кампања поради сериозната повреда на глуждот што ја доби за време на натпреварот со Спортинг Лисабон во Лигата на Европа во ноември.

Целиот престој на Велбек во Арсенал беше обележан со серија повреди. За пет години на „Емирати”, тој одигра вкупно 126 натпревари, постигнувајќи 32 гола.

Треба да знаете
Последни објави