Заха поднесе барање за трансфер

Sвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха се пријави за трансфер. Причината за ова е уште една одбиена понуда од страна на „орлите” за него.

Вчера, Евертон понуди 70 милиони фунти плус Џејмс Мекарти и Џенк Тосун за Заха, но Палас рече „не”, затоа што сака 80 милиони фунти.

Претходно, Арсенал имаше интерес за крилото, но „топџиите” понудија само 40 милиони за него, а потоа го префрлија интересот кон Никола Пепе.

Заха, кој продолжи со тренинзите во понеделник, се вели дека е во плановите и за трансфер на Наполи.

Интересно е што во првото коло од Премиер лигата, Кристал Палас и Евертон се соочуваат едни на други на „Селхерст парк”

Треба да знаете
Последни објави