Грчките власти ја проширија потрагата по британската научничка за која се верува дека исчезнала за време на утринското трчање на грчкиот остров Икарија во Егејското Море.
Наталија Кристофер, 34-годишна астрофизичарка со британско-кипарско потекло, која живее на Кипар, била на одмор со својот партнер во Икарија, пишува „Гардијан“.
Нејзиниот партнер открил дека не е во хотелската соба кога се разбудил во вторникот наутро. Отпрвин тој помислил дека отишла да трча, но кога таа не се вратила по неколку часа и не одговорила на повиците, тој го пријавил нејзиното исчезнување.
Полицијата трага по исчезнатата астрофизичарка, и на копно и на море, а утрово во потрагата се вклучил хеликоптер со инфрацрвени камери.
Полицијата испитува и траги од крв пронајдени на чаршафите во хотелската соба. Но, сопственикот на хотелот им кажал на локалните медиуми дека најверојатно станува збор за крв од носот. Полицијата сепак ги испратила трагите на крв на ДНК-анализа.
Исчезнувањето на Наталија Кристофер се случи по неодамнешната трагедија на Крит, кога американската научничка Сузан Итон беше силувана и убиена на Крит