Италијанскиот Сенат ја поддржува контроверзната железничка линија меѓу Лион и Торино

Италијанскиот Сенат во средата го отфрли предлогот на една од партиите на владејачката коалиција за блокирање на алпската железничка линија со Франција, отворајќи го патот за продолжување на долгогодишниот проект.

Проектот е еден од неколкуте проблеми што предизвикаа тензија меѓу Движењето 5 ѕвезди и нивните екстремно десничарски владини коалициони партнери во Лега Норд.

Движењето 5 ѕвезди веќе долго време е против проектот поради неговите трошоците и влијанието врз животната средина, но вицепремиерот и лидер на Лигата, Матео Салвини, е страствен поддржувач.

Премиерот Џузепе Конте неодамна изјави дека проектот треба да се заврши, тврдејќи дека напуштањето на истиот би чинило повеќе.

Салвини предупреди дека „оние што велат не на [проектот] ја ставаат владата во опасност“.

Одлуката за продолжување на инфраструктурниот проект предизвика протести минатиот месец, при што илјадници излегоа на улиците.

Според една неодамнешна анкета, 70 отсто од Италијанците ја поддржуваат изградбата на новата железничка пруга. Кога истата ќе биде завршена, времето на патување меѓу Милано и Париз ќе се скрати од речиси седум часа на само четири часа.

Треба да знаете
Последни објави