Мицкоски: Се подготвува најголемата пљачка во поновата историја

Денес Зоран Заев без никаков план и без никаква методологија ќе најави инвестициски циклус од ни помалку, ни повеќе, туку точно 5 милијарди евра, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан
Мицкоски на Фејсбук, обвинувајќи дека се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на
Република Македонија.

Тој предупреди дека парите за инвестициониот циклус од 5 милијарди евра што го најави премиерот
Зоран Заев ќе бидат обезбедени преку заеми и истите ќе ги плаќаат граѓаните, со што Македонија ќе
биде втурната во должничко сценарио. Како доказ, Мицкоски ги приложи фотографиите подоле во
постот (кликнете на „See more“).
Тој обвини и дека и изградбата на новиот Клинички центар е обид за пљачка и богатење на „тие истите што и сега блескаат“, притоа посочувајќи дека Заев го променил законот за јавни набавки и потоа го укинал критериумот најниска цена, ставајќи акцент на, како што вели Мицкоски, субјективната категорија- квалитет.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1290513221124134

Треба да знаете
Последни објави