Освен тигрест комарец во земјава има и маларичен, но нема маларија

Тигрестиот комарец е присутен во Скопје, но засега нема потреба од паника бидејќи не е заразен со „зика“ вирус, вели за 24 инфо Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје. Според неа во државава има и маларичен комарец, а немаме заболени од маларија. Најбитно е граѓаните да се информирани за неговото присуство и да знаат дека освен комарецот кој го пренесува зика вирусот го има и комарецот кој многу личи на тигретиот, но не е опасен.Единствен начин да се види кој комарец ве каснал или го имате видено е единката да се види под микроскоп.

Мониторинг и надзор на градот Скопје за тигрет комарец е воведен уште во 2013 година вели Николина Соколовска, од Центарот за јавно здравје. Со него се следи бројноста и составот на комарците.
– Надзор на инвазивни видови низ републиката има од 2016 година кога Центарот за јавно здравје прв пат го докажа присуството.на тигрестиот комарец во Гевгелија, Богданци, Струмица и Дојран. На други локалитети го нема. За прв пат во Скопје е откриен во 2017 година. Тогаш е утврдено дека го има и видот на комарец кој естетски многу наликува на тигрестиот, но не е опасен. Затоа граѓаните не треба да креваат паника бидејќи навидум двата вида се многу слични еден на друг- вели Соколовска. Според неа алармантно за државата и за институциите сега е да се следи неговото присуство и да се контролира дали единките се заразени или не.


-Следен чекор е поставување на мамки низ цела држава да се утврди дали гоима вирусот и да се контролира неговото внесување. Во борбата против зика вирусот треба да се вклучи и народот бидејќи истиот се размножува во влажни средини. Мора да се спроведе едукација на населението. Флаерите се изработени и треба да стигнат до секоја адреса за да борбата биде успешна, вели Соколовска.
Тигрестиот комарец освен „зика“ виус пренесува уште 30 други вируси, но најопасен е вирусот кој предизвикува зика треска. Симптомите на инфекцијата се јавуваат од 3 до 14 дена по заразувањето. Околу 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми, додека другите имаат полесна клиничка слика. Светската статистика покажала дека кај еден од 150 случаи на заразен се јавуваат силни знаци на болеста.
За полесна клиничка слика се сметаат симптомите: треска, главоболка, мачнина, повраќање, болки во телото, исип на кожата и потечени лимфни јазли.
Под тешка клиничка слика се подразбира: воспаление на мозокот Микроцефалија, висока телесна температура, грчеви, губење на свеста, вкочанет врат, парализа.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави