Секојпат кога сме во ПМС, нашиот нервен систем е загрозен. Поради таа причина важно е да внесуваме доволна количина магнезиум кој е мелем за нервниот систем.
Токму поради тоа експертите препорачуваат во тие денови жените да јадат смокви затоа што тоа ќе им го смири организмот, ќе им ги олесни болките, ќе ја смири напнатоста и чувството на стрес.
Смоквите се ризница на витамини: Б комплекс, А, Ц, Е и К, богати се со железо, калиум, калциум а сето тоа е многу важно за нормално функционирање на организмот.
Важна напомена – иако многумина мислат дека смоквите се многу калорични, во 100 грама смокви се наоѓаат 74 калории, а содржат 80 отсто вода и околу 0 отсто природен шеќер.