Искусниот словачки стопер, Мартин Шкртел наскоро би можел повторно да заигра во една од најдобрите пет европски лиги.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул е пред договор со тимот на Аталанта кој годинава ќе игра во Лигата на шампионите.
34 годишниот фудбалер е слободен агент откако му истече договорот со Фенербхаче каде ги помина последните три сезони.
Клубот од Серија А кој годинава за прв пат во историјата ќе игра во Лигата на шампионите сака да ја засили одбраната по заминувањето на стандардниот Џанлука Манчини во Рома.